30.8 C
Skopje
петок, 25 јули 2025

Мато ја матираше Лозана, Вардар води на полувреме!

Вардар поведе со 1-0 во финишот на првото полувреме против Лозана, а стрелец беше Роџерс Мато, кој на четврти меч по ред се запишува во листата на стрелци.

Во првите регуларни 45 минути немаше голови, ниту некакви многу зрели шанси, но публиката се крена на нозе во судиското продолжение од првото полувреме на овој меч од квалификациите во Конференциската лига.

Македонскиот и швајцарскиот тим повеќе мислеа на одбраната отколку на нападот, а сега, по голот на Мато можеби ќе биде поинтересно второто полувреме, иако не би имале ништо против Лозана да продолжи да игра како зашеметена од топлото во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести