1.8 C
Skopje
вторник, 23 декември 2025

Мато од Вардар ќе биде голема опасност за фаворитот Тунис

5622 Нигерија – Танзанија (18:30 ч.)

Меч од Африканскиот куп на нациите. Во последниве 45 години овие две селекции играле само двапати и тоа биле средби во 2015 и 2016 година. Нигерија има победа од 1:0 и едно реми без голови. Нигерија сега ја има улогата на фаворит, што не е ни изненадување ако се знае дека Танзанија нема победа на последните седум меча што ги одигра (пет порази и две ремија).

Предлог тип: 1&0-3 (2.02)

 

5623 Тунис – Уганда (21 ч.)

Тунис е фаворит за победа, но Уганда е селекција која знае да изненади, а еден од адутите сигурно е голгетерот на Вардар, Роџерс Мато. Токму Мато е потенциран како еден од потенцијаните играчи кои може да блеснат на Африканскиот куп на нациите.

Интересно е дека Уганда игра отворено и без многу калкулации, па во последните 13 средби што ги одигра има само едно реми. Ова е еден од оние дуели на коишто може и да има повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.40)

 

5648 Ал Итихад – Насаф (19:15 ч.)

Меч од шестото коло во азиската Лига на шампиони. Ал-Итихад има две победи и три пораза, што е лош резултат за саудискиот гигант, па фактот дека сега за ривал го имаат Насаф, кој има пет порази во исто толку меча и е на дното на табелата, јасно покажува дека треба да се очекува лесен триумф на домаќините.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.14)

 

1103 Арсенал – Кристал палас (21 ч.)

Дуел од четвртфиналето на Лига купот кој може да донесе многу возбудувања. Арсенал има седум победи и едно реми во последните осум меча со овој лондонски ривал. Во овој период од осум меча, дури пет биле голеада со четири или повеќе погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.75)

 

1536 Виторија Гимараиш – Спортинг (21:45 ч.)

Меч од 15-тото коло во португалското првенство. Виторија пред своите навивачи игра добро и има само еден пораз во седум натпревари, но Спортинг „гази“ на гостински терен и има шест победи и само едно реми во седум дуели.

На осум од последните 10 меѓусебни дуели имало најмалку по два погодоци, што значи дека може да биде возбудлив дуел.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.68)

- Оглас -

Најнови вести