Матрикс е недопирлив, ја доби битката на шампионите од ЛОИ во Лондон

Васил Ломаченко танцуваше на рингот во стилот на прекарот што го има, Матрикс и на убедлив начин со одлука на судиите од 3:0 го победи врсникот од Велика Британија, Лук Кемпбел и тоа на негов терен во Лондон.

Во вистински боксерски спектакл во О2 арената, двајцата поранешни аматерски олимписки шампиони токму од Лондон пред 7 години, Украинецот беше уверлив. Двајцата судии му доделија победа на поени со 119:108, а едниот одлучи дека Ломаченко беше подобар со 118:110.

Ломаченко сега има три титули во различни верзии во лесна категорија, а токму во истата категорија беше олимписки првак во Лондон, како аматер во 2012 година и во Пекинг четири години претходно.

Кемпбел на ЛОИ во Лондон истата година, 2012 го освои златото во бантам категорија. Сега на Ломаченко му останува да го победи Ричард Комни за титулата во ИБФ верзијата и да го репризира подвигот на Пернел Витакер, кој последен ги има обединето титулите во сите четири различни боксерски верзии.

- Оглас -

Најнови вести