Матс Хумелс го одбрал Реал Сосиедад

Заминувањето на Робин Ле Норманд во Атлетико Мадрид, ја отвори вратата за 35-годишниот дефанзивец Матс Хумелс во Реал Сосиедад.

Германецот е слободен играч откако во јуни му истече договорот со Борусија Дортмунд и веќе постигнал начелен договор со клубот од Сан Себастијан.

Хумелс ќе потпише едногодишен договор кој ќе вклучува опција за дополнителни 12 месеци. Се очекува договорот да биде официјализиран утре, што значи дека тој би можел да биде достапен за натпреварот против Алавес в среда.

- Оглас -

Најнови вести