Мацари е само привремено решение, Хрватот сепак ќе го води Наполи

Италијанскиот шампион Наполи вчера го назначи Валтер Мацари за нов тренер по отказот на Руди Гарсија, но тој ќе биде само привремено решение и потоа екипата ќе ја преземе човекот кој беше прв избор на Аурелио де Лаурентис.

Сопственикот и претседател на Наполи, Де Лауретис, одлучи Мацари да ја води екипата до крајот на сезоната откако неговиот прв избор не се согласи на такво нешто.

Хрватот Игор Тудор беше најголема желба на Де Лаурентис, но тој бараше да добие двегодишен договор, со што не се согласи сопственикот на Наполи, но денеска има нов пресврт во приказната.

Францускиот „Л’Екип“ пишува дека Де Лаурентис и Тудор сепак договориле двегодишна соработка која ќе започне идното лето. Целта е Мацари, кој од 2009 до 2013 година го водеше Наполи, да ја одработи сезоната до крајот, а Тудор за тоа време детално да ги следи игрите на екипата и да подготви листа на засилувања за идното лето.

- Оглас -

Најнови вести