Мацари веќе е минато, на клупата на Наполи против Барселона ќе седи словачкиот селектор

Франческо Калцона ќе биде новиот тренер на Наполи, а деби на клупата на италијанскиот првак треба да има веќе задутре против Барселона, во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Речиси сите италијански медиуми пишуваат дека ќе дојде до разделба на Наполи со Валтер Мацари и дека на негово место ќе дојде Калцона, кој е селектор на Словачка, а Словачката федерација му дозволила да го води Наполи до крајот на сезонава. Калцона ги однесе Словаците на ЕП 2024 во Германија, а во Наполи има работено како помошник на Маурицио Сари и Лучано Спалети.

- Оглас -

Најнови вести