Матсен е замената за Френки де Јонг, повреден е и Копмејнерс

Левиот бек на Борусија Дортмунд, Јан Матсен, е замената за повредениот Френки де Јонг во репрезентацијата на Холандија. Младиот фудбалер на Милионерите иако беше на поширокиот список на Роналд Куман, сепак не го мина првиот филтер, но од втора успеа да влезе помеѓу 26-темина фудбалери кои ќе настапат за Лалињата на Европското првенство.

Куман има проблеми и со Тен Копмејнерс, кој се жали на повреда, па можеби ќе мора да направи уште една измена во составот пред мечот со Полска на 16 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести