Матуиди открива како се одвиваше битката со корона-вирусот

Корона-вирусот ги зафати редовите на Јувентус, тројца играчи беа заразени меѓу кои беше и Блес Матуиди, покрај Даниеле Ругани и Пауло Дибала. Францускиот играч за врска потполно го надмина вирусот, а открива како се одвиваше неговата битка.

„Искрено, беше тешко. Иако немав симптоми бев во шок откако ми ги соопштија вестите. Бев во тотална паника, стравував да не го пренесам вирусот на моето семејство. Кога ги добив резултатите не смеев да одам ниту ниту до маркет да пазарам. Цело време се потсетував да не им се приближувам на луѓето околу мене, но морав да бидам ментално силен за да го надминам вирусот“, посочи Матуиди.

Французинот и првиот заразен од тимот на Јувентус, Даниеле Ругани, го надминаа Ковид-19, додека пред неколку дена се раширија информации дека кај Дибала и по шест недели повторно се појавило присуство на вирусот, но се испостави дека тоа се лажни вести.

- Оглас -

Најнови вести