Маурисио Покетино и официјално е нов селектор на САД

Поранешниот тренер на Челзи, Маурисио Покетино, и официјално е назначен за нов селектор на репрезентацијата на САД. Еден од домаќините на следното Светско првенство се одлучи за звучно име на својата клупа откако беа елиминирани уште во групната фаза на Копа Америка.

„Тука сакам да постигнам нешто историско, тоа е она што ме инспирираше. Гледам група фудбалери со талент и потенцијал, а заедно ќе изградиме нешто посебно на што ќе се гордее цела нација“, рече Покетино на презентацијата.

Аргентинецот на клупата на САД ќе дебитира следниот месец, на пријателските дуели против Панама и Мексико.

- Оглас -

Најнови вести