Името на Маурисио Покетино долго се споменуваше како можен наследник на Герет Саутгејт на клупата на Англија, но Гордиот албион доби привремен предводник, па поранешниот тренер на Челзи си најде нова работа.
Аргентинецот ќе биде нов селектор на репрезентацијата на САД, еден од домаќините на следното Светско првенство во 2026, заедно со Канада и Мексико. Покетино на клупата на САД ќе го наследи Грег Берхалтер, кој доби отказ по неуспехот на Копа Америка, кога не успеа да ја мине групната фаза.
Одлуката на Фудбалскиот сојуз на САД сè уште не е официјализирана, но медиумите од оваа земја ја пренесуваат информацијата со голема доза на сигурност.