Маурицио Покетино, синот на ексменаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино, потпиша повеќегодишен договор со клубот. Младиот крилен играч останува во Тотенхем, каде што во иднина ќе се доразвива и ќе се обиде да добие шанса во првиот тим кај Жозе Мурињо, иако неговиот татко доби отказ во декември минатата година.
При потпишувањето на новата соработка, пристутен беше и експредводникот на Петлите и тоа облечен во клупската опрема, па фановите ги понесе носталгијата и се „расплакаа“ на социјалните мрежи изразувајќи колку им недостасува стратегот кој пет години го водеше клубот од Лондон
Инаку, Маурицио има 19 години и во клубот е од 2017 година, но уште чека деби за сениорскиот состав за да го направи горд својот татко.