Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Милан?

Маурицио Сари би можелo да стане нов тренер на Милан по завршувањето на сезоната, најавуваат италијанските медиуми. Веројатноста за негово назначување ќе се зголеми доколку Фабио Паратичи, поранешниот спортски директор на Тотенхем и на Јувентус, ја преземе функцијата технички директор на Росонерите, заменувајќи го Жофре Монкада.

Оваа недела Милан испадна од Лигата на шампионите по елиминацијата од Феенорд. Во Серија А, тимот на Серџо Консеисао моментно е на седмото место по 24 одиграни натпревари.

Во последните неколку недели во Италија се зборува и дека Серџо Консеисао го нарушил односот со дел од фудбалерите на тимот од „Сан Сиро“.

- Оглас -

Најнови вести