Мауро Икарди откри со кои фудбалери го изневерувала Ванда Нара

Бракот помеѓу Мауро Икарди и Ванда Нара е во фаза на развод, кој се очекува да биде долг и тежок процес, пред сè, поради парите кои се во прашање. Фудбалерот на Галатасарај во медиумите излезе со тврдење дека неговата поранешна сопруга го изневерувала, а посочи и со кои фудбалери.

Аргентинецот тврди дека Ванда за време на бракот го изневерила со фудбалерот на Монца, Кеита Балде, како и со веќе пензионираниот аргентински фудбалер Федерико Фасио.

Ванда Нара веднаш излезе во јавноста со својата страна на приказната, во која потврдува дека била во врска со Балде, но во периодот кога била разделена со Икарди, додека за Фасио негира и вели дека воопшто не го познава.

Процесот на развод на Икарди и Ванда веќе е започнат, а од фудбалерот се бара да исплаќа месечна сума од 500.000 евра за издржување на неговите деца, но и ќе мора да ги отстапи двете вили во Италија, едната во Милано, другата на езерото Комо.

- Оглас -

Најнови вести