Познатиот италијански новинар Танкреди Палмери тврди дека Мауро Икарди летово дефинитивно ќе го напушти Интер, а наредна дестинација ќе му бидат Реал Мадрид или Наполи. Одлуката ќе ја донесе Икарди, секако во консултрација со неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара.
Неодамна се шпекулираше дека и Јувентус е заинтересиран за Икарди, но Наполи и Реал имале конкретни понуди, додека од „старата дама“ само се распрашувале.
Наполи на Икарди му нуди годишна плата од 9 милиони евра, плус два милиони бонус, но може и тоа да не биде доволно. И Реал би го донел Икарди, иако во претходниот обид да го ангажираат се откажаа поради конфликт со Ванда. Сепак, Реал нуди повеќе пари од Наполи, што може да ја омекне сопругата на Икарди.
Икарди веќе извесен период не игра за Интер, како оправдување ја има наводната повреда на коленото, а всушност се налути кога му ја одзедоа капитенската лента. Ако премине во Наполи, тој би тргнал по стапките на Горан Пандев, кој по заминувањето од Интер, се пресели во Неапол.