Аргентинецот Мауро Икари се препороди откако стана член на Галатасарај и во зимскиот преоден рок може да го направи трансферот на сезоната.
Агентот на фудбалерот, Елио Летерио Пино, потврди дека е во преговори со челниците на Реал Мадрид, за трансфер вреден 15 милиони евра кој би се случил во зимскиот преоден рок.
Реал Мадрид е во потрага по нов напаѓач поради повредата на Винисиус жуниор и челниците на Кралеците одлучија да тргнат по потписот со Икарди кој сезонава постигна 16 гола и има пет асистенции на 21 меч досега во дресот на Галасарај.
Икарди во кариерата има играно уште и за ПСЖ, Интер и Сампдорија.