Мавтањето со пиштол му направи нови проблеми, полицијата отвори истрага против Морант

Полицијата во сојузната американска држава Колорадо, официјално започна истрага поради видеото во кое кошаркарот на Мемфис гризлис, Џа Морант во ноќен клуб покажува пиштол.

Поради објавувањето на видеото на неговиот профил на Инстаграм, НБА лигата го суспендира Морант на два натпревари, а сега се вклучи и полицијата.

Полицијата од Глендејл повтврди дека инцидентот се случил на нивна територија, која е позната по стриптиз клубови, а таа започна истрага која треба да покаже дали Морант прекршил некаков закон за носење огнено оружје.

Според законот во сојузната држава Колорадо, дозволено е носење на огнено оружје, но под услов лицето да не е под дејство на алкохол. Од друга страна, според правилата на НБА лигата, забрането е носење огнено оружје додека играчот е заедно со својот тим.

Мавтањето на Морант со пиштол во ноќен клуб, се случило неколку часа откако неговиот тим Мемфис гризлис загуби од Денвер нагетс.

Ова не е првпат Морант да прави проблеми, тој минатото лето прво за време на баскет меч претепал 17-годишно момче, а потоа му се заканувал со пиштол.

- Оглас -

Најнови вести