Томас Милер е вистинска легенда на Баерн Минхен, а летово ќе се раздели со баварскиот гигант во кој ја мина целата досегашна кариера.
Ветеранот Милер се простува од својот сакан клуб со 13 освоени титули во Бунеслигата. Со 13 титули во домашното првенство, Милер се изедначи со Рајан Гигс и Кингсли Коман на првото место на вечната листа на фудбалери со најмногу трофеи од националните првенства во Топ 5 лигите во Европа. Гигс освои 13 титули во Премиер лигата како играч на Манестер јунајтед.
Инаку 13 титули има и македонскиот интернационалец Аријан Адеми кој 13-те титули ги освои во Хрватска, а има шанса сезонава да дојде и до 14-тата. Светскиот рекорд го делат Норвеѓанецот Роар Странд и Рој Чиполина од Гибралтар, кои освоија по 16 титули во домашните првенства.
Нивниот рекорд може да биде загрозен од Коман кој има 13 титули, а има 28 години и веројатно ќе игра уште прилично долго и ќе има шанса да дојде до 16 титули, особено ако остане во Баерн Минхен.