Најдобриот српски фудбалски судија и еден од најдобрите во Европа, Милорад Мажиќ, ја заврши својата судиска кариера поради возрасната граница. Тој сега се одлучи за интересен потег и кариерата ќе ја продолжи во Русија.
Мажиќ од страна на Руската фудбалска федерација е назначен за шеф на Судиската комисија во оваа земја и ќе биде задолжен за контролирање, но и обука на руските судии.
Милорад Мажиќ во својата кариера судеше на едно европско и две светски првенства, но и во финалето на Лигата на шампионите во 2018 година. Рекордер е со отсудени 13 вечни дерби-натпревари помеѓу Црвена ѕвезда и Партизан.
Интересно, „трансферот“ во Русија не е од српскиот фудбал, туку од позицијата претседател на Судиската комисија на Кипар.