Атлас и Чивас се клубовите кои го играат најголемото фудбалско дерби во Мексико. Двете екипи се од Гвадалахара и едноставно меч кој не смее да се загуби е тој против градскиот ривал. Традицијата на ова ривалство е повеќе од 100 години, а речиси и да нема дерби без инциденти.
Ако во Аргентина постои дерби меѓу Бока и Ривер, тогаш во Мексико тоа е дербито меѓу Атлас и Чивас. Чивас е клуб на работничката класа, додека Атлас е многу побогат и е наречен аристократски клуб. Без разлика на финансиите со коишто располагаат, кога играат овие два тима, на теренот и на трибините секогаш е жешко.
На последното дерби еден навивач на Атлас се покажа како вистински херој. Настана мешаница на трибините и повеќе од 10 фанови на Чивас тргнаа да се тепаат. Навивачот на Атлас не им се исплаши и застана во став за борба. Храбро ги издржа сите напади, а дури потоа му стигна помошта од другите симпатизери на Атлас.
Навивачот на Атлас сам ја доби битката на трибините против 10-тина ривали, но на теренот Чивас како гостин победи со 2:1.