Мирјана Ѓоргиева е победничка во Генералниот пласман во седмата сезона на Спортската прогноза на Sport Life и Спорт Манија и се покажа дека и припадничките на понежниот пол следат фудбал и се одлични прогнозери.
Таа во 32-те кола освои вкупно 201 бод, а до победата дојде убедливо, со десет бодови повеќе од второпласираниот Кристиан Ј. Инаку, ова не е првпат во генералниот пласман да триумфира жена, тоа се случи и во 2021 година, кога победи Вања Арсова од Кратово.
Како победничка за сезоната 2024/2025 Мирјана ќе добие ваучер од „Анхоч“ во вредност од 30.000 денари.
За вториот, третиот, четвртиот и петтиот во Генералниот пласман следуваат СЛ Маркет поени.
Второто место на Кристиан му носи 500.000 СЛ Маркет поени, третиот Венко ќе добие 400.000 поени, на четврто место е Блаже и ќе добие 300.000 поени, а петтопласираниот Виктор добива 200.000 поени.
Кога двајца или повеќе прогнозери имаат еднаков број бодови, предност добива тој со повеќе 12-ки, 11-ки, 10-ки, итн.
Сезонава бесплатната Спортска прогноза беше масовна, неколку илјади прогнозери со СЛ картичка се обидоа да типуваат барем еднаш, а, секако, редовноста беше најважна и затоа сите кои се меѓу првите на табелата, не пропуштија ниту едно коло.
За оваа сезона толку, продолжуваме наесен со некои новини и изненадувања.