Машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечерва од 20:15 часот во „Борис Трајковски“ ќе го игра третиот меч од Златната Европска лига, а противник е Хрватска. Македонија пред четири дена успеа да ја победи фаворизираната Белгија со 3:1, а Хрватска загуби од Белгијците со 3:1.
Македонија и Хрватска имаат одиграно четири меча и двете селекции победиле по два пати. Сега фаворитската улога е за Македонија.
Пред настапот на машката репрезентација, на сцена ќе бидат девојките на македонската селекција. Од 17:30 часот во „Борис Трајковски“ ќе играат против Естонија, а според квотите, гостинките се апсолутни фаворитки.
По првите две кола, Естонките се со максимални шест бода и само еден загубен сет, додека Македонија е без бодови и ниту еден освоен сет.