Неименуван извор од Манчестер јунајтед им пренел информација на британските новинари дека фудбалерите на овој клуб требало да носат јакни со ЛГБТ ознаки на претходниот меч против Евертон, но Нусаир Мазрауи е човекот кој го растурил планот.
Репрезентативецот на Мароко во соблекувална им кажал на соиграчите дека од верски причини не може да носи таква јакна, а тие се солидаризирале со него и на крајот одбиле да ги носат јакните на „Адидас“. Од производителот на спортска опрема биле разочарани од ваквата одлука на фудбалерите, со оглед на тоа дека од Манчестер јунајтед им ветиле дека тоа ќе го сторат.
🚨🔴 Manchester United players abandoned plans to wear an Adidas jacket in support of the LGBTQ+ community before the previous match vs Everton.
Noussair Mazraoui told his team-mates he was not prepared to wear the outfit, citing his faith as the reason.
The team then decided… pic.twitter.com/TkngamgJfu
— EuroFoot (@eurofootcom) December 4, 2024