Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, за претстојниот натпревар со Баерн во четвртфиналето од Лигата на шампионите рече дека тимот од Минхен е во најдобра форма од сите од Европа во моментов, но верува дека може да го елиминираат.
„За луѓето во Шпанија, Реал Мадрид е како религија. Тие се многу страствени, има многу разговори и шпекулации – понекогаш со причина, понекогаш не. Некои луѓе во Шпанија се загрижени дека нема да играм за Реал Мадрид за да бидам подготвен за Светското првенство. Но, играњето за клубот е неверојатно важно. Сè уште се бориме да ја освоиме Ла Лига и Лигата на шампионите. Ќе се соочиме со одличен тим во ЛШ, мислам дека е тим во најдобра форма во Европа во моментов. Но, ако има тим способен да го победи Баерн, тоа е Реал Мадрид“, рече Мбапе.
„Мора да знаете како да се справите со критиките, бидејќи во Реал Мадрид сите биле критикувани и Кристијано Роналдо, Ди Стефано… па не гледам зошто јас би бил исклучок. Само треба да останете смирени, да се концентрирате на она што треба да го направите и да си кажете дека можете да ги подобрите вашите перформанси на теренот“, објасни француската ѕвезда околу тоа каков е притисокот да се биде играч на Реал.

