Мбапе беше многу лут на судијата, на крајот дури го фати и за рака да се докажува колку време поминало (Видео)

Шпанија со 5:4 ја победи Франција во полуфиналето од завршниот турнир во Лига на нации, па Црвената фурија си обезбеди дуел против Португалија во борба за златото.

Шпанија водеше со 4:0, а потоа и со 5:1, но Франција стигна до 5:4 и малку фалеше Галските петли да стигнат до еден од најлудите „враќања“ во фудбалот. По завршување на мечот, ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе беше разочаран од судијата и тоа колку време дозволил да се игра во продолжението.

„Не се сложив со судијата околу тоа колку точно време се играше, но ако тоа го кажам, ќе речат дека сум огорчен. Сепак, ако надополнувањето е пет минути, тогаш треба да се играат пет минути. Што се однесува до нашата игра, на прв поглед би рекол дека игравме добро. Имавме некои акции кои долго време ги немавме направено. Во првото полувреме имавме пад од десетина минути и тогаш ни дадоа два гола. Истото се случи и во вториот дел. Не бевме доследни во сите 90 минути, но имаше напредок. Секако дека сме фрустрирани“, рече Мбапе.

Француската ѕвезда имаше еден гол и една асиситенција, па со 49 голови и 31 асиситенции сега е рекордер по бројот на голови во кои директно учествувал еден репрезентативец.

Сепак, Мбапе нема многу причини за радост затоа што веќе доива комлекс во дуелите со Ламин Јамал. Оваа сезона ова беше шести пат Мбапе да игра против Јамал и во сите шест средби, шпанскиот суперталент победуваше. Јамал синоќа постигна два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести