Мбапе беше срдечен на пречекот на Меси, ги демантира гласините дека не сака да игра со Аргентинецот (Фото)

Килијан Мбапе е среќен што ќе игра со големата ѕвезда на светскиот фудбал, Лионел Меси и со пост на Твитер и фотографии од пречекот на Аргентинецот ги демантира шпекулациите дека не сака да игра со него.

https://twitter.com/KMbappe/status/1425797274265923587?s=20

Мбапе долг период е на мета на Реал Мадрид и не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен, но причина за евентуално заминување нема да биде пристигнувањето на Меси во францускиот клуб.

„Добредојде во Париз, Лео“, напиша Мбапе и објави неколку фотографии од првата средба со Меси при доаѓањето на аргентинскиот ас во главниот град на Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести