Мбапе чека викендов да му се исполни сонот кој го имаше како тинејџер (Фото)

Килијан Мбапе денеска го одржа веројатно својот последен тренинг со екипата на ПСЖ, од тренинг центарот на париските Светци си замина облечен во бело (клупската боја на Реал), и се очекува уште утре да потпише за Реал Мадрид, со што светската јавност нема да има можност да ги види во ист тим на терен Меси, Нејмар и Мбапе, нешто што се најавуваше за неделниот дуел со Ремс.

Реал за Мбапе понуди 170 милиони евра, плус бонуси од 10 милиони, и оваа понуда била прифатлива за газдите од Катар. Но, официјализација на договорот уште нема.

Кога и официјално ќе стане член на Кралскиот клуб, на Мбапе ќе му се исполни сонот да заигра за најтрофејниот европски клуб. Тој како дете се фотографираше со своите идоли Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан, а и во детската соба во која спиеше, цел ѕид беше исполепен со постери на кои доминира првиот стрелец во историјата на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести