Реал Сосиедад нема пораз во 2026 година, добро им оди и во Купот, каде се на прагот на финале, а вечерва гостуваат кај големиот Реал Мадрид кој е под притисок да победи што би му донело прво место на табелата барем до понеделник.
Добра вест за Кралскиот клуб од Мадрид е што ќе игра Килијан Мбапе кој е во одлична форма, постигна гол на секој од последните шест натпревари во сите натпреварувања, а и на последните шест на кои играше во Ла Лига, и моментно е на врвот на листата на стрелци со 23 гола.
Квотата за Мбапе да ја продолжи својата голгетерска серија во Sport Life е 1.55. Инаку тој даде гол и на првиот меѓусебен дуел на овие екипи кој се играше во септември во Сан Себастијан. Тимот од Мадрид тогаш победи 2-1.
Освен на Мбапе, може да се обложите и на други фудбалери на Реал, како и на играчи од други екипи кои играат денеска во шпанската лига.


