20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Мбапе му даде едно важно ветување на претседателот на Реал Мадрид

Килијан Мбапе имаше спектакуларно преставување во Реал Мадрид, клубот во којшто треба да блеска во следните неколку сезони. Францускиот голгетер, кој на „Сантијаго Бернабеу“ дојде по седум години поминати во тимот на Пари Сен Жермен, јавно му се заблагодари на претседателот на Реал, Флорентино Перес.

„Флорентино е многу важна личност во мојот живот кој ни помогна мене и на моето семејство уште од првиот ден. Искрено му благодарам. Ќе направам сè за да го направам среќен со моите настапи. Тој е најдобриот претседател на светот. Со моите браќа ги гледавме сите натпревари на Реал Мадрид, а сега дојде мојот ден“, изјави 25-годишниот Мбапе во интервју за мадридскиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести