30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Мбапе дал листа од десет играчи на ПСЖ кои треба да си одат од клубот

Килијан Мбапе освен што потпиша многу богат договор со кој стана најплатен фудбалер, доби и овластувања како никој друг, да решава за работи кои не се задолженија на играч во еден клуб.

По барање на Мбапе беа избркани тренерот Покетино и директорот Леонардо, а според весникот „Л‘Екип“, ПСЖ направил трансфер листа од 10 играчи кои според мислењето на Мбапе, се непотребни во тимот.

Нова средина може да си бараат Икарди, Курзава, Дракслер, Ерера, Вајналдум, Ембимбе, Рафиња Алкантара, Руко, Геј и Диало. Само за Идриса Геј има шанси да остане, и не е целосно прецртан.

Според ова, Мбапе би сакал Нејмар сепак да остане, иако во клубот имаа намера да се ослободат од скапиот Бразилец.

- Оглас -

Најнови вести