Мбапе дава голови, ПСЖ не победи, а Меси и Нејмар се смеат

Килијан Мбапе со два гола и асистенција при голот на Хакими, ќе беше најзаслужен ако Пари Сен Жермен победеше на гостувањето кај Стразбур, но домашните извлекоа нерешени 3-3. Светците ја имаат обезбедено титулата, па сега играат за публика и ако е можно, уривање на рекорди.

Мбапе има дадено 131 гол во француската лига и се наоѓа на второто место на листата на стрелци во 21-ви век. Поефикасен од него е само Кавани со 138.

ПСЖ беше шокиран кога Гамеиро даде гол за водство на Стразбур во трета минута, но Мбапе беше расположен, и го сврте резултатот во полза на гостите. За разлика од него, другите две големи ѕвезди во тимот, Меси и Нејмар, не се прославија. Големото засилување Меси, има дадено само четири гола сезонава во Лига 1.

Во финишот, дојде казната за ПСЖ, кој се опушти после предноста од 3-1, па на крај освоија по бод.

- Оглас -

Најнови вести