Мбапе: До крајот на сезоната во ПСЖ, а потоа ќе видиме

Најдобриот млад фудбалер на светот, Килијан Мбапе, сигурен е дека оваа сезона ќе ја заврши во дресот на Пари Сен Жермен, а што ќе биде после тоа, ниту самиот не знае. После победата од 9:0 над Гингам, меч на кој Мбапе даде три гола, 20-годишниот напаѓач чиј договор со ПСЖ му е до 2021, рече дека не прави долгорочни планови.

„Среќен сум во ПСЖ, договорот ми е до 2021, со можност и за 2022, не е момент за мислам на нешто друго. Но, во фудбалот никогаш не се знае однапред што ќе биде во иднина. Сигурно е дека сезонава останувам тука, а потоа ќе видиме“ – изјави Мбапе за кого интерес има од Реал Мадрид.

Мбапе жали што радоста после рекордната победа од 9:0 била смалена, бидејќи тимот остана без Марко Верати.

„Одигравме неверојатен меч, победивме со авторитет. Тимскиот дух е на високо ниво, особено откако постојано бевме заедно во Катар. Жалиме за повредата на Марко, тој е многу важен за нашиот тим, незаменлив е, и затоа посакуваме што побрзо да се врати“ – додаде Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести