27.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Мбапе доби дозвола од лекарите да игра во финалето на Интерконтиненталниот куп

Францускиот ас Килијан Мбапе доби дозвола од лекарскиот тим да настапи во финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА, што внесе голем оптимизам во редовите на Реал Мадрид, со оглед дека тимот се соочува со многу повреди оваа сезона.

Според „Марка“, Мбапе целосно закрепнал од повредата на бутниот мускул заработена во натпреварот против Аталанта (2-3) во шестото коло од Лигата на шампионите.


Состојбата на Французинот била детално разгледана од медицинскиот тим и тренерскиот штаб, кои донеле одлука да му дозволат учество на утрешниот натпревар против мексиканскиот тим Пачука.

За да се врати што побрзо, Мбапе ангажирал личен остеопат и физиотерапевт, вложувајќи максимални напори да биде подготвен за финалето.

Постојат големи шанси Мбапе да се најде и во стартниот состав на Реал Мадрид, но конечната одлука ќе биде донесена по завршувањето на последниот тренинг, соопшти Карло Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести