Мбапе донесе израмнување на мадридското дерби (Видео)

Реал Мадрид на почетокот на второто полувреме успеа да го израмни резултатот на дербито против Атлетико. Сега е 1-1, откако Килијан Мбапе успеа да ја погоди мрежата на Јан Облак во 50-та минута.

Французинот се снајде најдобро во шеснасетникот на Атлетико и одбиената топка ја смести зад грбот на Облак.

По првиот дел, Атлетико Мадрид имаше водство со голот од пенал на Хулијан Алварез, кој со „паненка“ го надмудри Тибо Куртоа, откако по интервенција на ВАР беше досудена најстрога казна за гостите.

- Оглас -

Најнови вести