Мбапе е најскапиот фудбалер во светот, Меси е на 21-вото место, Роналдо го нема во Топ 60

Килијан Мбапе е единствениот фудбалер во светот чија вредност се проценува над 200 милиони евра. Според најновата листа на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС), ѕвездата на Пари Сен Жермен вреди неверојатни 259,2 милиони евра. Во пресметките за вредноста на фудбалерите предвид се земаат неколку параметри, од кои еден од најважните е годините на фудбалерите и ефектот на теренот. Фактот дека Мбапе е еден од најдобрите играчи, а има само 21 година го прави најскап во светот.

Зад Мбапе е голгетерот на Манчестер сити Рахим Стерлинг со вредност од 194,7 милиони евра, а младата ѕвезда на Борусија Дортмунд Санчо вреди 179,1 милиони евра. Во Топ 5 има место и за Александер-Арнолд од Ливерпул и Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед.

Интересно е што меѓу најскапите 10-мина фудбалери нема место за најголемите ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Двајцата фудбалери кои заедно имаат освоено 11 Златни топки веќе се во зрели фудбалски години и затоа нивната вредност е проценета на помала од најскапите играчи во моментов.

Меси е на 21-вото место со вредност од 100 милиони евра, додека Роналдо, кој во февруари наполи 35 години, е дури на 70-тото место на оваа листа на ЦИЕС со вредност од 62 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести