21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Мбапе е неверојатен, со два гола за две минути му ја грабна Божицата на Меси од раце

Килијан Мбапе за само 120 секунди постигна два гола, во 80. и 82. минута и израмни на 2:2 во финалето на Мундијалот меѓу Франција и Аргентина.

Опасниот напаѓач на Триколорите се закани дека ќе му ја земе Златната божица на Лионел Меси, која веќе беше речиси сигурно во негови раце по предноста од 2:0 и доминацијата на Аргентина.

Но,така не мисли Мбапе, кој му е соиграч на Меси во ПСЖ и со два гола донесе неизвесност на неколку миниту до крајот на финалето.

- Оглас -

Најнови вести