Мбапе е нов капитен на Франција, Гризман се налутил!

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, донел одлука нов капитен на Триколорите да биде 24-годишната ѕвезда Килијан Мбапе.

Досега капитенската лента ја носеше голманот Уго Лорис, но тој ја заврши репрезентативната кариера.

Антоан Гриезман како најискусен играч со најмногу настапи (117) и верен војник на Дешан, веруваше дека тој ќе биде капитен, а има информации дека многу се налутил кога дознал дека ќе биде само заменик-капитен и дека го напуштил состанокот на којшто Дешан објавил дека Мбапе ги има сите потребни квалитети за да ја преземе одговорноста.

- Оглас -

Најнови вести