Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе одлучи да го раскине договорот со ПСЖ и идното лето да си замине од „Паркот на принцовите“.
Тој смета дека ситуацијата во ПСЖ е таква што повеќе не може да му верува на никого во клубот и според „Л’Екип“, подготвен е дури и да го отплати остатокот од двегодишниот договор само за да си замине од клубот.
Адвокатот специјализиран за работни права, Жереми Делатр, смета дека Мбапе нема да може да си замине бесплатно, туку ќе мора да плати одредена отштета.
„Бидејќи ова се кратки договори, тие се законски цврсти. Во неговиот случај мора да се докаже дека неговиот работодавец направил голема грешка, обична не е доволна. Не давате отказ или не го раскинувате договорот пред неговиот рок. Можете да го раскинете само доколку има пресуда за една од двете страни, а другата страна мора да исплати отштета. За вработениот тоа се преостанатите плати до крајот на истекот на договорот, но и евентуалните бонуси што ги добил. За работодавецот е речиси исто, а во некои случаи тој ќе мора да исплати и поголема сума. Оваа компензација е еднаква на износот на трансферот кога играчот ќе го напушти клубот пред истекот на договорот“, веле Делатр.
Мбапе изминатото лето потпиша нов договор со ПСЖ според кој заработува 750.000 евра неделно. Доколку е одлучен во намерата да си замине од „Паркот на принцовите“, тоа би можело па претставува огромен финансиски удар за играчот бидејќи освен големата плата, тој доби околу 125 милиони евра како бонус за потпис на договорот.
Адвокатот исто така смета дека евентуалното предвремено заминување од ПСЖ може да му направи проблеми на Мбапе бидејќи добро би размислиле дали е исплатливо да потрошат огромна сума пари за фудбалер кој често го менува расположението.