Мбапе е подготвен за преселба во Реал, проблеми прави неговата мајка со неверојатните барања

Килијан Мбапе е подготвен по завршување на сезоната, како слободен играч да го напушти ПСЖ и да се пресели во Реал Мадрид, но тој трансфер може да го искомплицира неговата мајка.

Мбапе од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, бара годишна плата од 70 милиони евра и бонус од 125 милиони евра за потпишување на договорот.

Но, проблем за Перес е неверојатното барање на мајката и агент на Килијан Мбапе, Фајза Ламари, која побарала провизија од неверојатни 100 милиони евра кои би ѝ се исплатиле во четири годишни рати.

Засега Перес нема намера да го прифати ова барање и доколку Фајза не ги намали барањата, постои можност договорот да пропадне.

- Оглас -

Најнови вести