Кристијано Роналдо ќе биде убедливо најскапиот фудбалер на светот со новиот договор што тежи по речиси 190 милиони евра годишно откако потпиша две и пол годишен договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија.
Роналдо речиси за двојно го престигна досега најскапиот фудбалер на светот, Килијан Мбапе.
Летово Мбапе го продолжи договорот со Пари Сен Жермен и за следните четири сезони ќе има приход од над 400 милиони евра, или точно 104 милиони годишно.
Зад нив е Лионел Меси со 61,5 милиони евра, а шпанската „Марка“ ги објави примањата на десетте најплатени фудбалери на денешницата.