ПСЖ славеше на првиот контролен натпревар во пресрет на новата сезона, со 2:0 го совлада Ле Авр, а вториот гол го постигна Килијан Мбапе.
Мбапе летово е во центарот на вниманието на француската јавност поради шпекулациите за неговата иднина.
Тој изјави дека нема да потпише нов договор со ПСЖ и дека во 2024 година ќе си замине, додека првиот човек на претседателот на Светците, Насер Ал-Келаифи, му порача или да потпише или ќе биде продаден.
Додека иднината на Мбапе во ПСЖ сè уште е неизвесна, напаѓачот продолжува да го прави тоа што го знае најдобро, да постигнува голови. Мбапе на мечот против Ле Авр влезе во игра на стартот од второто полувреме и во 91-та минута го постигна вториот гол за ПСЖ. Голот на Мбапе може да го видите на следниот ЛИНК.
Првиот гол беше дело на Уго Екитике во 54-та минута.