Мбапе: Француското првенство не е најсилно на светот

Напаѓачот и една од најголемите ѕвезди на Пари Сен Жермен и светскиот фудбал, Килијан Мбапе, во интервју за списанието „Esquire“ отворено зборуваше на повеќе теми.

„Француската Лига 1 не е најдоброто првенство на светот, но секогаш се обидувам да го подобрувам со мојата улога како ѕвезда. Јас сум модерен напаѓач и можам да играм секаде, не само на една позиција. Во минатото имаше број 9, број 11, број 7. Јас сум играл на сите тие позиции, и централно во нападот, и како лево и десно крило. За да функционира еден тим, не мора сите да се пријатели меѓу себе и заедно да вечераат, најважно е на теренот да се разбираат“, вели Мбапе, за кого се шпекулира дека сака да замине во Реал Мадрид, а тоа може да се случи уште до крајот на неделава.

Договорот на Мбапе со ПСЖ е до јуни 2022. Засега тој одбива да потпише нов договор и опциите му се уште една сезона да остане во Париз и потоа да си замине како слободен или да замине со голема отштета која би ги задоволила барањата на Светците.

- Оглас -

Најнови вести