Мбапе фрли 500.000 евра за Ферари, а не смее да го вози (Фото)

Фудбалерот на ПСЖ,Килијан Мбапе, кој е еден од најдоброплатените фудбалери на светот, си купи скапоцен автомобил на Ферари, иако не смее да го вози.

Мбапе плати 500.000 евра за „Ферари 488 Писта“, но не смее да го вози бидејќи нема возачка дозвола. Напаѓачот на ПСЖ, неодамна на француските медиуми им откри дека поради фудбалската кариера, сè уште не полагал за возачка дозвола.

„Тоа е една од лошите страни на прераните успеси. Поради фудбалот не успеав да завршам доста обични работи како што е испит за возачка дозвола. За многумина тоа беше обврска, но не и за мене. Никогаш не ми беше приоритет бидејќи имам личен шофер“, изјави Мбапе.

Но, тоа не му пречи да се фотографија и да купува скапоцени автомобили.
Тој во својата гаража чува Мерцедес Бенц ГЛЕ купе, Ауди А6, Мерцедес В класа и Ренџ Ровер, и има неколку автомобили од марката Фолксваген.

- Оглас -

Најнови вести