Мбапе ги осуди навивачите на Милан, а се смееше додека фрлаа пари кон Донарума (Видео)

Напаѓачот и суперѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, го коментираше однесувањето на навивачите на Милан кон голманот Џиџи Донарума.

Фановите на Милан кон Донарума фрлаа банкноти со неговиот лик и му дадоа до знаење дека го сметаат за предавник кој се продал за пари.

„Мислам дека реакцијата на навивачите кои многу го исвиркуваа Џиџи беше претерана, но тоа е модерниот фудбал“, рече Мбапе.

Оваа изјава на Мбапе е во ред, но тој не се однесуваше како примерен соиграч додека се фрлаа пари кон Донарума, туку камерите го фатија како се смешка.

- Оглас -

Најнови вести