Мбапе ги откачи англиските екипи, не сака да игра во Премиер лигата

Пари Сен Жермен денеска го игра последниот меч на домашен терен сезонава, а тоа треба да биде и простување на Килијан Мбапе со фановите на Светците. По седум години поминати во ПСЖ, Мбапе потврди дека нема да го продолжи договорот и дека на крајот од сезоната и како слободен играч ќе бара нов клуб.

По таа објава, веднаш започнаа и шпекулации дека Мбапе може да се пресели во Англија, но за такво нешто нема шанса. Веќе е јасно дека Реал Мадрид треба да биде следниот клуб на францускиот голгетер.

„Планот е Мбапе да потпише со Реал Мадрид и сакам да потврдам дека тој никогаш немал контакт со клубови од Премиер лигата. Мбапе едноставно никогаш воопшто не сакал да контактира со англиските клубови. Реал Мадрид е неговиот главен фокус и едноставно не сака да го вознемирува Флорентино Перес со шпекулации дека може да оди во Англија“, рече експертот за трансфери, Фабрицио Романо.

- Оглас -

Најнови вести