Мбапе ги стресе Светците и најави заминување

Францускиот првак Пари Сен Жермен лошо ја започна сезоната откако загуби во првото коло на гости кај Ленс со 1:0. Овој пораз и не треба да биде премногу загрижувачки затоа што речиси комплетниот тим на Светците беше во аут поради тоа што беа заразени од Коронавирусот и беа во карантин.

Тоа што многу повеќе треба да ги загрижува во ПСЖ се најавите на дел од медиумите, дека Килијан Мбапе решил да си замине од „Паркот на принцовите“. Тоа би требало да се случи на крајот од оваа сезона, односно идното лето. Мбапе во 2018 година пристигна во ПСЖ за сума од 165 милиони евра, а му остануваат уште две сезони од договорот.

Ако до следното лето не го продолжи договорот, ќе постои опција Мбапе да си замине и како слободен играч, па сигурно Светците нема да ризикуваат. Неколку финансиски моќни клубови се во потера за Мбапе, кој најави дека сака нови предизвици. Шпекулациите се дека голгетерот сака да се проба во Премиер лигата, а таму како опција се повеќе клубови.

ПСЖ вечерва игра дерби дуел против Олимпик Марсеј во рамките од второто коло на француското првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести