Во денот кога се пишуваше дека Килијан Мбапе не е среќен во Пари Сен Жермен и дека сака да си оди во јули, а се спомнува дури и јануари, францускиот крилен напаѓач испиша историја во ПСЖ.
Мбапе со голот од пенал против Бенфика вечерва дојде до бројка од 31 гол за ПСЖ во Лигата на шампионите и стана нов клупски рекордер, спуштајќи го на второ место Единсон Кавани, кој постигна 30 гола во ЛШ во дресот на Светците.
Сега Мбапе има вкупно 37 гола во ЛШ. Интересно е што до таа бројка дојде по 57 одиграни средби, а ист скор своевремено имаше и неговиот сегашен клупски колега, Лионел Меси. А и Меси и Мбапе на свјот 57-ми меч во ЛШ имале по 23 години.