Нејмар уште еднаш покажа дека сака што поскоро да си замине од Пари Сен Жермен. Бразилецот не играше во Суперкупот на Франција, кој го освои ПСЖ со победа од 2:1 против Рен.
Светците со пресврт во второто полувреме стигнаа до победата. Најпрво Килјан Мбапе израмни на 1:1, а потоа Анхел ди Марија даде убав гол за 2:1. При постигнувањето на двата гола на ПСЖ, камерата го улови Нејмар како мирно седи на трибината и воопшто не се радува.
По завршување на мечот, Нејмар се симна на теренот и доби медал наменет за победникот. Кога сите играчи на ПСЖ се радуваа на трофејот, Нејмар стоеше од страна, а потоа реагираше Марко Верати кој го повлече Бразилецот и го натера барем малку да делува како да се радува.
Сепак, откако Нејмар покажа дека не му е многумило, потоа реагираше и Мбапе, кој едноставно го турна Нејмар токму кога сите играчи се подготвуваа за тимската фотографија со трофејот.
Marco Verratti somewhat uncomfortably dragging Neymar into celebrations as PSG win the Trophée des Champions. @eddie1991razo with the great spot. https://t.co/G5zfHNFM1R
— Get French Football News (@GFFN) August 3, 2019
Even his own team dont want him in the pictures. Do you think Neymar to Barca is done? pic.twitter.com/lAjTckt5yF
— bateson87 (@bateson87) August 3, 2019