Мбапе го израмни голгетерскиот учинок на Роналдо во дебитантска сезона во Реал, но…

Килијан Мбапе со двата гола кои ги постигна синоќа на мечот со Леганес, дојде до бројка од 33 голови во дресот на Реал Мадрид и се изедначи со Кристијано Роналдо и Руд ван Нистелрој по бројот на погодоци во нивната прва сезона во Кралскиот клуб.

Пред Мбапе во моментов само Иван Заморано кој во својата прва сезона во Реал даде 37 голови во сите натпреварувања. На Заморано му требаа 45 меча, исто колку што има одиграно и Мбапе.

Роналдо одигра само 35 меча во дебитантската сезона и според просекот на голови по одигран меч, тој е најефикасен во историјата. Просекот на Ван Нистелрој е нешто послаб од тој на Мбапе, бидејќи 33 гола даде на два меча повеќе од Французинот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести