Реал Мадрид ја победи Севиља со 2-0 на „Бернабеу“, а Килијан Мбапе постигна гол од пенал со кој го израмни рекордот на Кристијано Роналдо за најмногу голови во период од една година постигнати за Кралскиот клуб. Со тоа и на најдобар можен начин го прослави 27-от роденден.
Реал не блескаше, но успеа да стигне до триумф. Севиља имаше неколку шанси, но Тибо Куртоа беше фантастичен на голот на домаќинот.
Кралевите поведоа во 38-та минута, откако Џуд Белингам погоди со удар со глава по центаршутот на Родриго.
Во 68-та минута Севиља остана со играч помалку поради исклучувањето на Маркао, а Мбапе во 86-та минута од 11 метри го потврди триумфот на Реал Мадрид.

