16.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Мбапе „го кани“ Упамекано во Мадрид: Нема многу поголеми клубови од Баерн, но сепак ги има

Килијан Мбапе со насмевкаа ги искоментира шпекулациите дека неговиот репрезентативен колега Дајо Упамекано би можел следното лето како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид, па да станат и клупски колеги.

Се зборува дека во летото 2026 од Реал ќе си заминат Давид Алаба и Антонио Ридигер, а прв на листата на желби за зацврстување на одбраната им е Упамекано.

„Тој се справува многу добро, многу е самоуверен, полн со самодоверба. Тој е во дебатата за тоа кој е најдобриот дефанзивец во светот сезонава. За мене, тој е еден од оние доминантни дефанзивци. Способен е да биде во чекор со напаѓачите, да победува во дуели. Тој е во одличен клуб, нема многу подобри клубови од Баерн… Но, има и подобри (се насмевнува). Нема да навлегувам во таа дебата, од почит кон неговиот клуб и кон него, бидејќи знам дека ако кажам нешто, тој ќе биде под поголем притисок, но кога зборувате за играч од ваков калибар, нормално е сите клубови да бидат во потрага по него“, изјави Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести